Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ повика Заев да ја објави „бомбата“


ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев да ги објави информациите со кои вели дека ќе ја натера Владата да се повлече.

„Веќе подолг временски период опозицијата во нашата држава најавува некакви бомби, изненадувања, пумпа атмосфера и креира некоја лажна еуфорија за сопственото членство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека партијата е подготвена за секакви сценaрија и оти нема да подлегнува на никакви притисоци и уцени.

Заев неодамна изјави дека има информации кои треба за три дена да ја натера владата со наведната глава да се повлече.

XS
SM
MD
LG