Достапни линкови

logo-print

Можно е Турција да се соочи со нов бран бегалци


Турција може да се соочи со бегалски бран од два до три милиони Сиријци, ако силите на претседателот Башар ал Асад или сириските бунтовници се придвижат кон Алепо, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Воени авиони на САД бомбардираат позиции на групата Исламска држава во Сирија, но армијата на Асад ги интензивира акциите против некои бунтовнички групу во западниот и северниот дел на земјата, кои за Вашингтон се сојузници, вклучително и групите околу Алепо.

Турција ја поддржува Слободна сириска армија, која обединува десетици вооружени групи, кои се борат против ИД и против силите на Асад.

Во Турција веќе има над 1,5 милиони сириски бегалци.

XS
SM
MD
LG