Достапни линкови

Бугарија најчесто дава државјанство на Руси и на Македонци


Во текот на 2012 година Бугарија им доделила државјанство на 1.700 странци, од кои 96,9 отсто не се од државите од ЕУ, покажуваат денеска објавените податоци на Европската канцеларија за статистика - Евростат.

Во најголем процент или во 23,4 проценти од случаите, бугарско државјанство им било доделено на Руси. Бугарско државјанство добиле и 16,3 отсто Македонци, 13,9 отсто државјани на Молдавија и 12,1 отсто државјани на Украина.

Податоците покажуваат дека во текот на 2012 година вкупно 818. 000 странци добиле државјанство на земја од ЕУ, што покажува раст од четири проценти во однос на 2011 година. Меѓу државјаните на ЕУ, кои добиле жителство во друга држава од Заедницата, најмногубројни биле Романците, Полјаците и Италијанците.

XS
SM
MD
LG