Достапни линкови

logo-print

Кабул - напад на комплекс во кој се сместени странци


Најмалку четири лица загинале кога бомбаш-самоубиец удрил со камион полн со експлозив во портата на комплекс на згради во кои живеат странци во Кабул, јавија авганистанските власти.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, рече дека во нападот загинале чувари.
Авганистанскиот прв потпретседател Абдул Рашид Достум, вели дека на напаѓачите им помогнал некој од владините структури. Портпаролот на Талибанците изјави дека нападот е насочен кон разузнавачкиот центар на странските трупи.

XS
SM
MD
LG