Достапни линкови

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски нагласи дека остануваат фокусирани на барање на решение за проблемот за името, но и повторно побара почитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонските власти имаат стратегија за влегување во НАТО и по самитот на алијансата во Велс на кој проширувањето и воопшто не беше тема, уверуваа денеска министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Попоски и Зоран Јолевски. И двајцата учествуваа на тркалезната маса Евро-атланските предизвици на Република Македонија, проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности“ во организација на Факултетот за безбедност.

Ние докажуваме дека Македонија заслужува да биде дел од евроатлантското семејство, дека Македонија де факто е членка на НАТО зашто ние придонесуваме во најзначајната мисија на НАТО, ИСАФ, и дека ќе продолжиме да работиме во таа насока.

Јолевски вели дека одбраната има стратегија како да продолжат со реформите за да ги во идниот период за да ги исполнува условите за добивање на покана за зачленување во НАТО.

„Република Македонија ќе продолжи со учество во новата мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Во тек е подготовка на нашите мировници кои ќе заминат на почетокот на јануари во Авганистан. Исто така веќе почнавме повеќе активности за да ги подготвиме нашите офицери и војници за учество во мировни мисии, како на ЕУ, така и на ОН. Значи, со сето ова ние докажуваме дека Македонија заслужува да биде дел од евроатлантското семејство, дека Македонија де факто е членка на НАТО зашто ние придонесуваме во најзначајната мисија на НАТО, ИСАФ, и дека ќе продолжиме да работиме во таа насока“, рече Јолевски.

Република Македонија е докажан партнер, во многу долг временски период се однесува како земја членка на НАТО и воедно е добро потсетување дека истото тоа е сосема легитимно да се очекува и од сите земји членки на НАТО, а од една посебно.

Шефот на дипломатијата, Попоски нагласи дека остануваат фокусирани на барање на решение за проблемот за името поради кој се блокирани интеграциите, но и повторно побара почитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

„Република Македонија е докажан партнер, во многу долг временски период се однесува како земја членка на НАТО и воедно е добро потсетување дека истото тоа е сосема легитимно да се очекува и од сите земји членки на НАТО, а од една посебно“, вели Попоски.

Поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим вели дека, иако земјава шест години е закочена во процесите во НАТО и во ЕУ, тој не е песимист. Состојбата, смета Керим, не иста како во 2008 година, бидејќи Грција од тогаш досега успеала да го наметне спорот да го наметне како прашање и во алијансата и во унијата.

„И ние сега треба како држава во сложени операции, во активна дипломатска активност да ја надминеме оваа состојба, а се разбира пред се преку дијалог и договор со грчката страна. Тоа не е едноставно, но самата цел ги оправдува и средствата, а целта е повеќе од возвишена, Македонија мора да биде земја членка на НАТО и на ЕУ, а добра опомена за сите нас е она што се случи неодамна во Украина“, вели Керим, кој сугерира дека во двете организации треба да се инсистира на ангажман Соединетите Американски Држави, Германија и Франција.

Испитувањето на јавното мислење презентирано во рамки на денешната тркалезна маса покажува и дека поголем е бројот на граѓани кои сакаат земјава да стане членка на НАТО во однос на ЕУ. Имено, истражувањето спроведено пред самитот на алијансата во Велика Британија врз 1167 испитаници покажало дека 81 отсто од граѓаните се за влегување на земјава во НАТО, а 68 се за интегрирање во Европската унија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Ваше мислење

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG