Достапни линкови

logo-print

Во декември одлука дали ќе има екстерно за студентите


Министерството за образование и наука веројатно до средината на декември ќе одлучи и ќе објави дали ќе има државен испит за студентите и во која форма. Ресорниот министер Абдилаќим Адеми за тоа прво ќе дискутира со универзитетите и студентите. Тој вели дека лично е наклонет да има, но не зависи само од него.

„Ако се одлучиме да има, тоа мора да биде без да се нарушува автономијата на универзитетите, без да се загрози Болоњскиот процес и без да има дополнителен товар и за универзитетите и за студентите“, изјави Адеми.

Вчерашниот студентски протест Адеми го оцени како легитимно и гарантирано право на секого во демократско општество, но смета дека студентите не биле вистинските организатори на вчерашниот простест и дека, како што рече, некој стои во позадина.

XS
SM
MD
LG