Достапни линкови

Иран - Парламентот против предлозите на претседателот Рохани


Иранскиот парламент го отфрли кандидатот на претседателот Хасан Рохани за функцијата министер за наука, поради неговите тенденции за реформи. Законодавниот дом одби да го одобри Факходин Ахмади Денеш Аштиани, кој за себе вели дека е независен, и кој вети дека ќе донесе нови лица за негови заменици.

Аштиани претходно беше заменик министер за наука, во админситрацијата на претходниот претседател Мохамад Катами. Поранешниот министер за наука Реза Фајаџи Дана беше разрешен од паралементот во август откако им дозволи на студенти и на професори да се вратат на универзитет и покрај забраната на факултетите поради масовните протести поврзани со претседателските избори во 2009.

Претходно во септември пратениците одбија уште еден кандидат на Рохани за министер за наука.

XS
SM
MD
LG