Достапни линкови

Лондон бара флексибилност од Иран


Иран треба да покаже поголема флексибилност, ако сака да успее меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма, соопшти денеска британскиот секретар за надворешна политика Филип Хамонд. Тој вели дека договор може да се постигне и да се стави крај на децениски долгиот ќор-сокак во врска со иранската нуклеарна програма, но Техеран треба да е пофлексибилен.
Денеска во Виена продолжуваат разговорите меѓу шесте светски сили и Иран, тие имаат рок до 24 ноември да се постигне договор.

Британскиот секретар по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери, рече дека нема да се направи лош договор и дека овие преговори се многу тешки за Иран.

XS
SM
MD
LG