Достапни линкови

Македонија може да добие забрана за извоз на храна во Русија


Руските цвласти се сомневаат дека европски производи преку Македонија завршуваат во Русија и на тој начин го кршат ембаргото за увоз на храна од европските земји.

Претставници на Руското тело за надзор на безбедноста на храната денеска ќе одржат средба со претставници на македонската амбасада во Москва за да побараат објаснување од македонските власти за нивните сомневања.

Освен од земји-членки на ЕУ, во Русија е забранет увозот на храна и од Албанија и Црна гора, земји кои се приклучија на европските санкции за Москва.

Доколку се потврди дека земјава го кршела ембаргото можно е воведување на привремена забрана на увозот на овошје и зеленчук од Македонија.

XS
SM
MD
LG