Достапни линкови

81 насто од граѓаните се за членство во НАТО


Највисок приоритет во безбедносната политика за што постои јасен консензус кај сите политички субјекти е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, покажуваат резултатите од направеното испитување на Факултетот за безбедност - Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и безбедносните закани по државата.

Со испитувањето биле опфатени 1.167 граѓани во 37 општини во Макеоднија на возраст од 18 до 66 години. Над 81 процент од испитаниците, се изјасниле за членство во НАТО, а само 19 проценти се против интеграцијата на земјата во Северноатлантската алијанса.

За разлика од НАТО, над 68 проценти се изјасниле „за“, а 32 проценти против зачленувањето на Република Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG