Достапни линкови

Нетанјаху: остро ќе одговориме на нападот во синагогата


Две лица со секири и ножеви убиле четворица луѓе, а неколкумина други раниле изутрината во една синагога во Ерусалим пред да бидат убиени од израелската полиција. Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека Изаресл остро ќе одговори на овој најсмтоносен напад во Ерусалим во последниве неколку години. Во изминативе неколку недели е забележано интензивирање на насилството во Израел и на палестинските територии. Во минатиот месец неколкумина израелци беа убиени или избодени од палестинци.

XS
SM
MD
LG