Достапни линкови

Неколкумина убиени во синагога во Ерусалим


Двајца палестинци вооружени со секири и ножеви изутрината извршиле напад во една синагога во Еруаслим. Израелската полиција соопшти дека двајцата напаѓачи убиле четворица верници и раниле шестмина други пред да бидат убиени од полицијата. Други детали не се соопштени. Во изминативе неколку недели е забележливо интензивирање на насилството во Израел и на палестинските територии. Во минатиот месец неколкумина израелци беа убиени или избодени од палестинци.

XS
SM
MD
LG