Достапни линкови

Кери: светот нема да биде заплашен од ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека светот нема да биде заплашен од милитантите на Исламската држава. „Бруталноста на оваа група и потенцијалното нејзино ширење во светот се клучните причини зошто Соединетите држави мора да останат длабоко ангажирани на Блискиот Исток“, изјави Кери. Тој додаде дека милитантите веќе сега имаат освоено повеќе територија и ресурси од Ал Каеда и тоа, како што рече, во најдобрите денови на таа терористичка организација. Кери зборуваше во Вашингтон откако Белата куќа ја потврди смртта на американскиот хуманитарен работник Питер Кесинг. Претходно, милитантите на Исламската држава објавија видео на кое било прикажано обезглавувањето на Кесинг. Тој беше заробен од екстремистите во октомври минатата година во источна Сирија.

XS
SM
MD
LG