Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во Кабул, најмалку четворица загинати


Најмалку четири лица загинале во денешниот самоубиствен напад во Кабул. Авганистанското министерство за внатрешни работи прецизира дека експлодирал камион полн со експлозив пракиран пред главниот влез во делот каде што живеат странски државјани во Кабул. Биле забележани и вооружени лица кои, како што е наведено, имале намера да влезат во резиденцијалниот дел, но биле спречени од безбедносните сили. НАТО мисијата во Авганистан соопшти дека меѓу загинатите и ранетите немало странски државјани.

XS
SM
MD
LG