Достапни линкови

logo-print

Попова Шапка го чека снегот - природен или вештачки?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во текот на 2013 година почна да се копа место предвидено за акумулација за вода, но градежните работи не продолжија во текот на оваа година.

И оваа скијачка сезона на Попова Шапка ќе зависи од временските прилики, односно дали доволно ќе има снежни врнежи, бидејќи не се реализираше најавата дека ќе се изгради систем за вештачки снег. Во текот на 2013 година почна да се копа место предвидено за акумулација за вода, но градежните работи не продолжија во текот на оваа година.

Започнати се и иницијалните градежни работи за чие продолжување во моментот се чека на комплетирање на потребната градежна документација.

Јованка Стојанова од ЕЛЕМ Турс, државна компанија која раководи со зимскиот центар Попова Шапка, тврди дека нема прекин во изградбата, туку застој, за кој вели дека е од административна природа.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Клучната и најсложената задача е изградбата на акумулацијата за вода. За потребите за изградбата на системот во изминатиот период од страна на стручни лица ангажирани од АД ЕЛЕМ, од геолошки и хидролошки аспект беа разгледани предложените локации од страна на консултантскиот тим од Австрија, по што се избра актуелната локација. Започнати се и иницијалните градежни работи за чие продолжување во моментот се чека на комплетирање на потребната градежна документација“, вели Стојанова.

Моите лични очекувања се дека до пролета 2015 година процедурите за комплетирање на неопходната документација ќе бидат завршени, а градежните работи ќе се одвиваат во полн ек веднаш по завршување на годинешната скијачка сезона.

Според неа, иако речиси една година нема градежни активности, процесот се одвива согласно утврдената динамика според мастер план студијата за развој на Скијачкиот центар Попова шапка.

„Моите лични очекувања се дека до пролета 2015 година процедурите за комплетирање на неопходната документација ќе бидат завршени, а градежните работи ќе се одвиваат во полн ек веднаш по завршување на годинешната скијачка сезона согласно зацртаната динамика за изградба на акумулацијата за вода. Тоа значи дека работите на терен, се одвиваат според утврдената динамика, очекуваме од следната скијачка сезона, овој систем да биде функционален“, смета директорката на АД ЕЛЕМ Турс.

Скијачките клубови се засегнати од ситуацијата, бидејќи втора година по ред снег на Попова Шапка ретко има, а со тоа стагнира скијањето. Се надеваме дека поскоро ќе се изгради системот за заснежување на ски патеките, вели Горан Синадиновски од скијачкиот клуб Љуботен.

„Соочени сме со промена на климатските услови, така што и зимскиот период со големи врнежи од снег изостанува. Поголемите центри во светов и Европа имаат дополна со таканаречено вештачко надополнување со снег. Така што сметам дека освен за развој на туризмот, воопшто продолжување на скијачката сезона дека ќе има апсолутно нужна потреба веќе да тоа да се направи“, вели в.д. претседателот на клубот.

За да се изгради системот за заснежување, покрај акумулација за вода, треба да се прават и повеќе придружни објекти, цевководи и пумпна станица, како и да се постават топови кои исфрлаат вештачки снег. Со таков систем, скијање би требало да има уште во ноември, а ски сезоната да се продолжи по зимските месеци.

XS
SM
MD
LG