Достапни линкови

Меркел предупреди за руското влијание на Балканот


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека конфликтот во Украина може да прерасне во поголема спротивставеност и во тој контекст го посочи руското влијание во Србија, Молдавија и Грузија.

„Не станува збор само за Украина. Станува збор и за Молдавија, Грузија и ако продолжи така, човек треба да се запраша и за Србија и земјите од Западен Балкан, изјави Меркел во обраќање на Институтот „Лоуи“ за меѓународна политика во Сиднеј.

Меркел предупреди дека Русија во стар стил на размислување гледа на Украина како на своја сфера на влијание и го поткопува меѓународното право.

Стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин за Западен Балкан го вознемири Берлин, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“, наведувајќи дека владата на канцеларката Ангела Меркел е вознемирена од руската агресивна антизападна политика на Балканот.

„Шпигел“ се повикува на доверлив документ од министерството за надворешни работи за влијанието на Русија во Србија, каде се наведува дека Москва се обидува да вопостави тесни врски со Србија со воена соработка и испорака на гас.

XS
SM
MD
LG