Достапни линкови

Хјуман Рајтс Воч објави извештај за ситуацијата во Крим


Меѓународната организација Хјуман Рајтс Воч денеска објави извештај за ситуацијата во Крим, откако полустровот прогласи анексија од украинската територија на почетокот на годинава. Во извештајот на Хјуман Рајтс Воч се наведува дека „откако Русија ја започна окупацијата на Крим во февруари 2014, има заплашување и малтретирање на граѓаните на Крим кои се спротивставуваа на руската анексија на Крим, особено врз кримските Татари, како и врз активисти и новинари.“ Во извештајот се забележува дека руските власти „не успеа да ги зауздаат злоупотребите од страна на паравоени групи кои се вмешани во извршување на сериозни повреди на човековите права“. Во извештајот уште се наведува и тоа дека додека целото светско внимание е насочено кон источна Украина, во Крим се зголемува кршењето на човековите права.

XS
SM
MD
LG