Достапни линкови

Судири меѓу војската и талибанците во Авганистан


Најмалку 18 милитанти загинале, а 13 се повредени во судирите во авганистанската провинција Фарах, меѓу безбедносните сили и талибанските бунтовници. Бунтовниците ја нападнаа областа денеска, по што авганистанските војници се спротивставија, изјавија авганистанските власти. Од Министерството за внатрешни работи, изјавија дека еден полицаец загинал во судирите.

Претходно, локални официјални лица изјавија дека стотици талибански борци започнале координирани напади врз владини згради и безбедносни контролни пунктови во областа Бала Булик. Гувернерот на областа предупреди дека тие може да поднат во рацете на бунтовниците, ако не добијат поддршка, по што владата испрати дополнителни безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG