Достапни линкови

Инаугурирани новите членови на Претседателството на БиХ


Во Претседателството на БиХ во Сараево се одржа конститутивната седница, односно инаугурацијата на новите членови на Претседателството, кои во следните четири години ќе ја извршуваат оваа должност.

Претседателот на Централната изборна комисија на БиХ, Стјепан Микиќ, сертификатите им ги врачи на новоизбраните членови Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ. Претседавањето ќе го преземе српскиот член на Претседателството Младен Иваниќ.

Членовите на Претседателството во своите свечени обраќања ја истакнаа заложбата за работа кон што побрз напредок на БиХ во евроатланските интеграции, определеноста за свој придонес во решавање на наталожените проблеми и за меѓусебна соработка.

XS
SM
MD
LG