Достапни линкови

logo-print

Општина Охрид бара чаре за училиштето „Григор Прличев“


Советот на општина Охрид во моментов одржува вонредна седница, со единствена точка на дневен ред - предложената одлука за исплаќање на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија.

Најголемото основно училиште во градот од минатата седмица е без струја откако поради неподмирен долг кон ЕВН објектот беше исклучен од електричната мрежа, а наставата веќе неколку дена се одвива во незагреани училници и со скратени часови.

XS
SM
MD
LG