Достапни линкови

logo-print

Русија протера германски и полски дипломати


Русија соопшти дека протерала еден германски дипломат и неколку полски, како одговор на неодамнешните протерувања на руски дипломати. Денеска од руското Министерство за надворешни работи преку соопштение ги обвинија полските дипломати дека вршеле активности кои не се во согласност со нивниот статус, фраза која генерално се користи за шпионирање. Русија потврди дека од Варшава беа протерани неколку руски дипломати, повикувајќи се на истото обвинение. Министерството соопштува дека германскиот дипломат бил протеран, како одговор на Берлин од каде e протеран руски дипломат.

XS
SM
MD
LG