Достапни линкови

Студентски марш против екстерното тестирање


Околу илјада студенти денеска одржаа марш по повод меѓународниот ден на студентите и под мотото „Заедно против екстерното тестирање на факултетите“. Маршот започна пред платото на универзитетот Кирил и Методиј, а продолжи до просторииите на студентскиот парламент, па до владата и до министерството за образование. Студентите извикуваа „Не за екстерно“ и носеа транспаренти „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“ и „Екстерното е титаник на високото образование“.

Еден од студентите пред насобраната толпа порача дека има многу причини за кои се обединиле, но оти сите се сведуваат на една, односно потребата од студентски активизам и од нивно вклучување. Тие освен одбележување на денот на студентите се обединиле и против екстерното за кое велат дека имаат повеќе аргументи против неговото спроведување.

XS
SM
MD
LG