Достапни линкови

Французин меѓу милитантите во видеото на ИД?


Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казенове.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казенове.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казенове изјави дека постои „голема можност“ еден од милитантите кој се гледа на видеото на кое е прикажана егзекуцијата на еден американски хуманитарен работник и сириски војници, да е француски државјанин.

Министерот изјави дека се верува дека човекот е Максим Хаучард од Нормандија, северна Франција. Според министерот, Хучард заминал во Сирија во август 2013 година.

Француските државјани се најбројните меѓу европските џихадисти, кои им се придружија на екстремистите во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG