Достапни линкови

Тече постапката за опозициските пратеници во Собрание


Во рок од 15 дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања треба да закаже седница на која ќе го разгледа извештајот за редовноста на пратениците. Генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски денеска го достави извештајот на координативната средба во Парламентот. Откако ќе се разгледа во Комисијата, потоа предлогот треба да биде ставен на дневен ред на седница на Собранието.

Извештајот за присустноста на пратениците беше побаран откако на 10-ти овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34-те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието.

По изборите пред шест месеци, пратениците од опозицијата си поднесоа оставки кои Собранието не ги прифаќа.

XS
SM
MD
LG