Достапни линкови

Русија протера неколкумина полски дипломати


Русија соопшти дека дека протерала неколкумина полски дипломати како одговор на претходното протерување на руски дипломати од Варшава. Руското министерство за надворешни работи ги обвини полските дипломати за активности несоодветни со нивниот статус, општо прифатена фраза за шпионирање. Не е јасно зошто рсуките дипломати биле протерани од Полска. Односите меѓу двете земји се заладени по избувнувањето на кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG