Достапни линкови

logo-print

Порошенко: Украина е подготвена на тотална војна


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека неговата земја е подготвена на тотална војна, откако борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти продолжуваат во градот Доњецк. Западот го интензивира притисокот врз Москва со најава за дополнителни санкции.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за германскиот весник „Билд“ изјави дека не се плаши од руските војници.

Не сакаме војна, но Русија не почитува никаков договор. Подготвени сме на тотална војна.

„Не сакаме војна, но Русија не почитува никаков договор. Подготвени сме на тотална војна“, рече Порошенко, додавајќи дека украинските сили сега биле подобро убучени и оти Украина ја има поддршката на целиот свет.

Конфликтот во кој од април годинава досега загинале над 4 илјади луѓе и натаму трае и покрај договорот за прекин на огнот постигнат меѓу двете страни на 5 септември во Минск.

Според Порошенко, конфликтот би завршил за две недели доколку ова примирје било целосно испочитувано од сепаратистите кои добиваат помош од Русија.

Русија на ваков начин го крши територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како држава. По хоророт од двете светски војни и крајот на Студената војна, ова го доведува под прашалник целиот мирен поредок во Европа. Тоа продолжува, бидејќи Русија и натаму ја дестиблизира Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа ќе ги продолжи економските санкции против Русија колку што е неопходно со цел Москва да престане да се меша во кризата во Украина.

„Русија на ваков начин го крши територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како држава. По хоророт од двете светски војни и крајот на Студената војна, ова го доведува под прашалник целиот мирен поредок во Европа. Тоа продолжува, бидејќи Русија и натаму ја дестиблизира Украина“, изјави Меркел во австралискиот град Сиднеј, ден откако рускиот претседател Владимир Путин пред време го напушти самитот на Г20 во Бризбејн, а американскиот претседател Барак Обама ја обвини Русија за инвазија во Украина.

„Вие не напаѓате други земји или финански застапници или ги поддржувате со разбивање на земјата која има механизми за демократски избори“, изјави Обама, кој средбата со неговиот руски колега Путин ја опиша како премногу деловна и на која јасно му ставил до знаење дека Русија ќе остане изолирана доколку ја продолжи поддршката на сепартистите во Украина.

Претходно, британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди на можен нов замрзнат конфликт во Европа. Пред предвременото заминување од Бризбејн, Путин изјави дека е можно решение на кризата.

„Денес ситуацијата според мене има добри шанси за решавање без оглед колку можеби тоа чудно звучи. Но, извесни структури се етаблирани на двете страни кои можат подобро да се справат со задачите, имајќи ги предвид интересите на луѓето кои живеат во цела Украина, вклучувајќи го и нејзинот југоисток“, рече Путин, пред заминувањето од Бризбејн, додавајќи дека Русија не трпи многу од санкциите.

Неколку западни држави најавија можни нови санкции врз Русија доколку не ги повлече силите и оружјето од Украина. Русија отфрла секаква инволвираност во украинскиот конфликт.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG