Достапни линкови

На координативна средба за редовноста на пратениците


На денешната координативна средба во Собранието на Македонија, генералниот секретар треба да го достави извештајот за редовноста на пратениците. Се очекува претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи да го достават овој извештај до Комисијата за мандатно - имунитетни прашања, која во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница. На 10-ти овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34-те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието. Само три пратенички од 34-те избраници се вклучија во работата на Собранието и се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот. СДСМ и помалите опозициски партии се изјаснија дека не се враќаат во Парламентот.

XS
SM
MD
LG