Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок на ЕУ и за Балканот


Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел ќе ја разгледаат кризата во Украина и односите со Русија, како и состојбата на Балканот, особно ситуацијата во Босна и Херцеговина по тамошните избори. Министрите треба да разговараат за германско британската иницијатива за да се најдат начини и патишта за поттикнување на реформите во БиХ кои би воделе до нејзино приближување кон Унијата. Европската унија очекува што поскоро формирање на владите во ентитетите, како и на централната влада. Сепак, главна тема на состанокот е можноста од воведување нови санкции врз Русија поради нејзиното мешање во кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG