Достапни линкови

Чешка, 25 години од Сомотската револуција


Чешката Република денеска одбележува 25 години од Сомотската револуција со која беше отстранет прорускиот режим по студентските протести во Прага на 17 ноември 1989 година. Со тоа почна мирниот пад на комунизмот во Чехословачка. Како дел од прославите премиерот Бохуслав Соботка во Вашингтон во Конгресот ќе открие биста на поранешниот десидент и претседател на Чешка Вацлав Хавел. Во Прага се најавени и протести против сегашниот претседател Милош Земан поради неговите проруски ставови во врска со кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG