Достапни линкови

logo-print

Мнозинството од жителите на Косово незадоволни од власта


Мнозинството од жителите на Косово, односно 72 проценти се незадоволни или се мошне незадоволни од власта, а 39 отсто се подготвени да протестираат од политички причини, покажуваат резултатите од истражувањето „Јавен пулс“, кое го спроведоа УНДП и УСАИД.

Според истражувањето, кое го опфаќа периодот од април до ноември 2014 година само пет отсто од населението изјавиле дека се задоволни или мошне задоволни со власта на Косово, додека во април оваа година задоволство изразиле 21 отсто.

Триесет и девет отсто од граѓаните изјавиле дека би излегле на протести од полицитички причини. При тоа 49 отсто од Србите би излегле на протестите, додека тој процент меѓу Албанците изнесува 39,1 отсто, а меѓу останатите нeaлбански заедници 18.5. проценти.

XS
SM
MD
LG