Достапни линкови

ИД одговорни за нападот во близина на аеродоромот во Багдад


Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој беа повредени пет лица во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. Во други напади во и околу главниот град на Ирак, денеска загинаа најмалку пет лица.

Во нападот за кој ИД презедоа одговорност, автомобил бомба експлодираше додека покрај него поминувал конвој од три возила, при што е оштетено едно возило на ОН, но нема повредени луѓе, соопштија од Обединетите нации.

Во соопштението објавено на веб-сајт кој често се користи од страна на исламските милитанти, е наведено дека бомбата била насочена кон контролен пункт на кој се пријавувале Американци пред да го напуштат аеродромот.

Во бомбашкиот напад во близина на полициска патрола југозападно од Багдад загинаа двајца полицајци, а пет се повредени. Во експлозија на бомба пак во Хеј Џами загинаа три лица, а повредени се девет.

XS
SM
MD
LG