Достапни линкови

Казнет обвинителот на Техеран од времето на Ахмадинеџад


Иранскиот врховен суд му ја одзел правната лиценца на поранешниот главен обвинител на Техеран, Саид Мортезави, поради неговата улога во смртта на најмалку тројца притворени антивладини демонстранти во 2009 година, објавија иранските медиуми. На Мортезави, кој беше сојузник на поранешниот конзервативен претседател Махмуд Ахмадинеџад, исто така му е забрането да врши јавна функција во наредните 5 години. Прелиминарниот извештај од 2010 година покажа дека Мортезави е одговорен за мачењето и смртта на најмалку тројца демонстранти притворени за време на големите антивладини протести по спорниот реизбор на Ахмадинеџад за претседател на државата. Мортезави ги отфрли обвиненијата. Тој беше уапсен поради смртните случаи во затворите во февруари 2013 година, но набрзо потоа беше ослободен. Мортезави беше суспендиран по парламентарната истрага во 2010, но неговиот случај остана отворен. Во шесте години додека беше обвинител на Техеран и претходно како судија, Мортезави беше поврзуван со затворањето на десетици реформистички публикации и ставањето во затвор на десетици новинари.

XS
SM
MD
LG