Достапни линкови

Исламската држава тврди дека обезглавила американски хуманитарец


Aмериканскиот хуманитарец Абдул Рахман Касиг.

Aмериканскиот хуманитарец Абдул Рахман Касиг.

Во две одделни видео снимки што беа објавени денеска, наводно од Исламската држава, се тврди дека бил обезглавен американскиот хуманитарец Абдул Рахман Касиг и уште неколкумина луѓе, за кои се тврди дека биле сириски војници. На снимката има маскиран милитант кој стои над отсечена глава и тврди дека го обезглавил 26-годишниот Касиг. На втората снимка е прикажано истовремено сечење на главите на најмалку 15 мажи за кои се тврди дека се сириски војници. Поранешниот армиски ренџер Касиг, кој ја прифати исламската вера и им помагаше на жртвите од граѓанската војна во Сирија, беше киднапиран минатата година. На претходната видео снимка објавена на 3 октомври, наводно од Исламската држава, беа прикажани маскирани милитанти, кои му се закануваа на човек за кој рекоа дека е Касиг. Неговото семејство вели дека откако ја напуштил армијата, Касиг станал хуманитарец. Додека бил во заробеништво наводно ја сменил верата и си го променил името од Питер во Абдул Рахман Касиг. Автентичноста на снимките сè уште не е утврдена.

XS
SM
MD
LG