Достапни линкови

Жестоки судири меѓу пакистанската армија и бунтовниците


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку тројца пакистански војници загинаа, а најмалку осуммина се ранети кога бунтовниците ноќеска нападнаа контролен пункт во пограничната област Северен Вазиристан. Во судирите биле убиени повеќе од 34 милитанти, соопшти армијата. Од јуни пакистанската војска почна офанзива против талибанците во Северен Вазиристан, кој е нивно упориште. Армијата соопшти дека во операцијата од тогаш загинале повеќе од 1.500 милитанти и 124 војници, но овие бројки не може да се потврдат од независен извор.

XS
SM
MD
LG