Достапни линкови

Временска прогноза – Облачно и врнежливо


Илустрација.

Илустрација.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд, а попладне и преку ноќта повремен дожд ќе има најпрвин во југозападните делови, а потоа повремените врнежи од дожд полека ќе се преместуваат кон исток. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови со појава на повремен дожд, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Врнежите ќе бидат малку поинтензивни во вторник во вечерните часови и во среда. Температурата ќе биде без поголеми промени.

Потоа, од средината на наредната недела се очекува стабилно, суво и постудено време.

XS
SM
MD
LG