Достапни линкови

logo-print

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска повтори дека Србија нема да воведе санкции против Русија.

„Србија има Влада која самостојно донесува одлуки во согласност со интересите на земјата“, рече Вучиќ.

„Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно“, истакна Вучиќ во коментар на изјавата на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот вчера ја повика Србија да ја усогласи својата политика со европската и да воведе санкции против Русија.

На 20 ноември Јоханес Хан ќе пристигне во прва посета на Србија. Во пресрет на посетата, Хан во Брисел изјави дека го разбира фактот оти „Србија има своја историја и односи со Русија, но во одреден момент треба да ја усогласи својата политика, во согласност со надворешната политика и одлуките на ЕУ“.

Србија се надева да стане членка на ЕУ во 2020 година.

XS
SM
MD
LG