Достапни линкови

Кремљ негира дека Путин планира да го напушти Самит на Г20 во Бризбејн


Кремљ ги негира информациите дека рускиот претседател Владимир Путин планира да го напушти тековниот самит на Г20 во Бризбејн, Австралија, порано од планираното, откако се соочил со лидерите од Западот за украинските прашања. Неименуван претставник на руските власти за западните новински агенции изјавил дека Путин планира да ја прескокне работната сесија на Самитот на 16 ноември и планира да замине, бидејќи требало да присуствува на состаноци во Москва. Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека Путин дефинитивно ќе замине кога целата работа ќе биде завршена, пренесе новинската агенција Интерфакс. Песков вели дека санкциите против Русија биле многу дискутирани во билатералните средби на Самитот. Претседателот на Советот на Европа, Херман Ван Ромпуј соопшти дека министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се состанат на 17 ноември за да ги разгледаат натамошните чекори против Русија ако таа не ги повлече своите војници и оружјето од источна Украина.

XS
SM
MD
LG