Достапни линкови

logo-print

Неколку илјади луѓе на митингот на Шешељ во Белград


Најмалку 3000 луѓе предводени од српскиот ултранционалист Воислав Шешељ денеска се собраа на антивладин протест во центарот на Белград. Шешељ најави дека ќе „го уништи“ Хашкиот трибунал, кој, како што тврди, затвора Срби, „само затоа што се Срби“. Тој 12 години беше во притвор во Холандија поради обвиненија за воени злосторства, а на 13 ноември му беше дозволено да се врати во Белград за да се лекува од рак. Тој на митингот ги повика „патриотите“ да се спротивстават на напорите Србија да стане членка на Европската унија и на НАТО. Српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ се поранешни сојузници на Шешељ. Тие во 2008 година го напуштија за да формираат проевропска партија и сега тој ги нарекува предавници. Судењето на Шешењ за повеќе обвиненија заврши во 2012 година, но пресуда не му е изречена.

XS
SM
MD
LG