Достапни линкови

Исламисти презедоа одговорност за бомбашки напад во Египет


Илустрација.

Илустрација.

Египетска организација Ансар Беит ал-Мадис, која објави поврзаност со милитантите на Исламската држава, ја презеде одговорноста за октомврискиот самоубиствен напад на Синајскиот Полуостров во кој беа убиени 30 египетски војници. Тие ја презедоа одговорноста преку видео снимка објавена на интернет. Организацијата уби голем број војници и полицајци откако египетската војска го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година. Нападот од 24 октомври кога милитантите со автомобил полн со експлозив удрија во контролен пункт беше нивен најсмртоносен напад. Организацијата соопшти дека нападот е одмазда за задушувањето на исламистичките протести што следеа по соборувањето на Морси од власт. Најмалку 1400 луѓе беа убиени, а повеќе од 15 илјади беа затворени, додека стотици беа осудени на смртни казни, во операцијата на новите египетски власти против поддржувачите на Морси.

XS
SM
MD
LG