Достапни линкови

logo-print

Путин се сретна со Камерон и Oланд


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со премиерите на Велика Британија и на Франција, Дејвид Камерон и Франсоа Оланд, на маргините на Самитот на Г-20 во австралискиот град Бризбејн. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека кризата во Украина била „единствена“ тема на средбата со Камерон. Путин е под притисок на западните лидери на Самитот во Бризбејн да направи повеќе за окончување на насилствата меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во источна Украина. На средбата со францускиот премиер, пак, Путин го повикал Оланд „да ги минимизира ризиците и негативните последици“ во нивните меѓусебни односи. Москва и Париз имаат спор околу испораката на првиот од двата француски носачи на хеликоптери Мистрал во Русија. Западните сојузници бараат Франција да го раскине договорот вреден скоро 1,6 милијарди долари со Русија. Одбивањето на Франција да ги испорача воените бродови ја разлути Москва.

XS
SM
MD
LG