Достапни линкови

Обама - Руската агресија против Украина е закана за светот


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама пред студентите на Универзитетот Квинсленд во Бризбејн, Австралија, денеска рече дека САД го предводи светот „во спротивставувањето на руската агресија против Украина, која е закана за светот“. Светските лидери се собраа во Бризбејн на дводневниот Самит на земјите од Г-20. Обама рече дека руската закана за светот била демонстрирана со „ужасното соборување“ на малезискиот патнички авион на 17 јули над територијата на источна Украина која е под контрола на проруските сепаратисти кои имаат поддршка од Москва. За соборувањето на авионот во кој загинаа 298 луѓе, меѓу кои и 38 австралиски државјани и жители, се сомничат проруските сепаратисти.

„Како ваш сојузник и пријател, Америка ја дели тагата на овие австралиски семејства и ние ја споделуваме посветеноста на вашиот народ за правда и одговорност“, рече Обама.

XS
SM
MD
LG