Достапни линкови

logo-print

ЕУ бара економски план од Киев пред донаторската конференција


Европската унија одбива да организира донаторска конференција за помош на Украина, се додека Киев не обезбеди детален план за економски развој на земјата.


Брисел претходно соопшти дека е подготвен да биде домаќин на донаторска конференција за да се соберат средства за Украина, особено за источните региони погодени од конфликтот со сепаратитстите. Но, Јоханес Хан, новиот комесар задолжен за преговори за проширување и односи со соседите, рече дека ЕУ не е подготвена да одреди датум без подетален план.

„ЕУ е подготвена да ја одржи конференција што е можно порано, на почетокoт на следната година, но само ако Украина има стратегија, вклучувајќи ги и економските цели и приоритетни области за инвестирање“, рече австрискиот комесар.

ЕУ и даде трговски привилегии и милијарди евра на заеми на Украина по протестите со кои беше соборен поранешните про-руски претседател Виктор Јанукович.

XS
SM
MD
LG