Достапни линкови

logo-print

Порошенко - украинските сили спремни за можен напад


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека „нема причина за паника“ околу ситуацијата во источниот дел на земјата во кој беснее војна. Пред претставници на безбедносните сили, тој денеска рече дека украинските вооружени сили се „подготвени и способни“ да одбијат офанзива од проруските сепаратисти, ако се прекрши договорот за прекин на огнот од 5 септември. Сепак, тој нагласи дека Киев останува посветен на изнаоѓање „политичко и мирно“ решение на конфликтот, во кој од април досега загинаа повеќе од четири илјади луѓе. Во меѓувреме, портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко соопшти дека еден војник загинал, а шестмина биле ранети во изминативе 24 часа. Тој исто така соопшти дека во гранатирање од бунтовниците во близина на Луганск загинало у едно девојче од 5-6 години. Киев и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на 5 ноември кога на школско игралиште загинаа двајца тинејџери.

XS
SM
MD
LG