Достапни линкови

Зголемена употребата на антибиотици за 10 отсто


Македонија е една од земјите во Европа и во регионот, каде најмногу се користат антибиотици. Употребата на антибиотици во првата половина од годината е зголемена за 10 проценти, говорат податоците на Фондот за здравствено осигурување. Експертите, на денешното одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици,апелираат до граѓаните да не употребуваат антибиотици на своја рака.

Статистички најмногу антибиотици се трошат во Куманово и Пробиштип, односно 1.400 рецепти на 1.000 осигурани лица годишно. Во Крушево најмалку се трошат антибиотици со околу 500 рецепти годишно на илјада осигуреници. Во Македонија има 20 проценти повеќе потрошувачка на антибиотици споредено со Словенија, само за фондовските лекови.

XS
SM
MD
LG