Достапни линкови

Русија обвинува дека ОБСЕ е на страната на Киев


Русија ја обвини Минисјата на ОБСЕ во Украина дека е на страната на Киев. Во денешното соопштение на руското министерство за надворшени работи се наведува дека Русија е загрижена за тоа што го демонстрира во последно време Мисијата на ОБСЕ, односно дека постои впечаток дека нивните напори се во насока на поддршка и помагање само на една страна во конфликтот, односно властите во Киев, со што се доведува во прашање довербата во Организацијата. Од ОБСЕ на 11 ноември соопштија дека забележале како необележани воени конвои влегуваат во сепаратистичките области во Украина. Русија негираше дека испратила опрема и војници преку границата. Некои Украинци, пак, ја обвинуваат Мисијата дека соработува со Русија.

XS
SM
MD
LG