Достапни линкови

logo-print

Авганистан и Пакистан се заложија за подобра соработка


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека неговата земја сака да ги зајакне односите со соседен Пакистан во однос на безбедноста и одбраната. Гани е во посета на Исламабат на средби со пакистанскиот политички врв. Според авганистанскиот претседател соработката може да вклучува заеднички обуки и гранично управување. И пакистанските власти велат дека безбедноста и стабилноста се нивна заедничка цел. Гани е во прва посета на Исламабад откако ја презеде функцијата во септември. За време на посетата се разговарало и за трговските договори и за економската соработка. Двата соседи имаат напнати односи, особено во делот на безбедноста.

XS
SM
MD
LG