Достапни линкови

Ирак ја поврати контролата на Баиџи


Ирачки официјални лица велат дека ги потиснале милитантите на Исламската држава и ја повратиле контролата на градот Баиџи, каде се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во земјата. Ирачката државна телевизија јави за „ослободување на Баиџи“, цитирајќи го генералот Абдел Вахаб ал-Саади. Баиџи се наоѓа на околу 200 километри северно од Багдад, на главниот автопат кој го поврзува Мосул кој е под контрола на милитантите и Тикрит. Баиџи падна во рацете на милитантите за време на летната офанзива во Ирак.

XS
SM
MD
LG