Достапни линкови

logo-print

Исламската држава воведува своја валута динар


Милитантната група Исламска држава соопшти дека ќе почнат да коваат монети во злато, сребро и бакар и ќе воведат своја сопствена валута, динар, за употреба во областите во Ирак и Сирија, кои се под нивна контрола. Во соопштение објавено на милитантните форуми, групата пишува дека целта на овој потег е да се заменат тиранските валутни системи кои им се наметнати на муслиманите. А објавено е и како ќе изгледаат монетите. На едната страна се симболите на Исламската држава и калифатот, вредноста на монетата и тежината, а од друга страна разни мотиви, како карта на светот, полумесечина, џамијата Ал Аска во Еруслаим.

XS
SM
MD
LG