Достапни линкови

Убиени најмалку 30 милитанти во Пакистан


Најмалку 30 терористи се убиени во воздушните напади во северо-западните племенски области во Пакистан, на границата со Авганистан, соопшти пакистанската Армија. Армијата соопшти дека денешната операција била насочена кон цели на милитантите во областа Дата Хеи во Северен Вазиристан. Пакистанските власти велат дека повратиле 80 проценти од териотријата во Северен Вазиристан откако ја започнаа офанзивата во јуни против пакистанските талибанци и другите милитантни групи. Според нив повеќе од 1.100 милитанти и 100 војници се убиени во нападите, но бројката не може да биде независно потврдена. Поради офанзивата се раселени околу 1 милион луѓе.

XS
SM
MD
LG