Достапни линкови

logo-print

САД: неоправдани патроли на руски бомбардери


Американскиот Стејт департмент оцени дека се неоправдани руските планови за испраќање бомбардери во воздушни патроли во близина на Северна Америка. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека сегашната ситуација во подрачјето на западниот брег на Атлантикот не налага дополнителни летови на руски авиони. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ваквите патроли би биле со цел да го обезбедат руското воено присуство во тој регион. Изјавата на Шојгу дојде откако НАТО соопшти дека пораснал брајот на руски воени летови над Европа, од Балтикот до Португалија.

XS
SM
MD
LG